... во постојан чекор со современите технологии

    Побарајте не: +389 34 346 549,

Сервис и услуги

Поправка на преносни компјутери со reballing метод
Следејќи го развојот на најсовремени алатки за поправка на компјутери и компјутерски делови, стручниот тим на Пелингс копмјутери врши поправка на лаптопи, матични плочи и графички картици со употреба на т.н. reballing метод, користејќи најмодерни алатки при сервисирањето на производите.

Форматирање + Инсталација на OS Windows XP / Vista + програми
Овде спаѓа инсталација на оперативниот систем со драјверите за вашите уреди, основни програми, антивирусна заштита, како и подесување за интернет конекција и електронска пошта.

Инсталација на OS Linux Ubuntu
Инсталација на оперативниот систем Linux во верзија со попријателски интерфејс, Ubuntu V8. Овој оперативен систем е бесплатен и не мора да се купува лиценца за него. Препорачуваме да се инсталира на празен (форматиран) диск.

Чистење вируси
Отстранување на сите видови вируси од вашиот компјутер (trojans, spywares...) и инсталирање на антивирусни програми за комплетна заштита при секакво работење.

Умрежување на компјутери
Подесување на мрежа, заштита, делење (sharing) на фолдери, користење на принтер во мрежа и интернет конекција.

Архивирање на податоци
Префрлување на вашите податоци на посебна партиција од хард дискот или пак на CD, DVD или USB меморија, како и зачувување на e-mail пораки и адреси од именикот во Outlook.

Чистење на внатрешноста на компјутер
Вадење на сите елементи и каблови на матичната плоча и нивно темелно чистење. Со тоа се постигнува помало загревање на целиот компјутер што резултира со побрзо работење.

За сите останати услуги кои ги вршиме во нашиот сервис, може да се информирате на нашите телефони, по пат на е-mail, или во нашите деловни простории. Притоа важно е да напомнеме дека детектирањето на проблемите со Вашиот компјутер како и советите во врска со нив се бесплатни.

Кои сме ние?

Пелингс

Пелингс е компанија специјали-зирана за развој и продажба на софтвер и хардвер.

Имаме повеќе од 15 години искуство и стручен тим зад нашето име.

Дозволете ни да ви помогнеме во растот на вашата компанија со нашите решенија!

Последни новости

Дајте ни лајк

Контакт

 Струмица, Македонија

 ул. "Маршал Тито" 111

 +389 34 346 549

 +389 34 330 640

 contact@pelings.com.mk

Контактирајте не!