... во постојан чекор со современите технологии

    Побарајте не: +389 34 346 549,

Продажба на КИБС сертификати

Овластен издавач на КИБС дигитални сертификати

Следејќи ги современите решенија за користење на електронски услуги, од месец декември 2012 година Пелингс Компјутери стана официјален застапник на КИБС АД Скопје.

Клириншка Куќа КИБС АД Скопје е издавач на дигитални сертификати со високо ниво на доверба.

Дигиталните сертификати може да ги користете секаде каде што се бара електронско утврдување на идентитетот на потписникот и утврдување на автентичност на податоците, како на пример за:

  • сервиси на е-Влада;
  • клиенти на Народната Банка на РМ;
  • безбедно испраќање на електронски пораки со нивно потпишување и шифрирање користејќи апликации како што се Microsoft Outlook или друг софтвер кој поддржува S/MIME;
  • интернет активности со префикс „е-“ (е-банкарство, е-трговија, е-учење, е-здравство и.т.н.);
  • дигитално потпишување на различни документи во електронска форма.
Пред да ги направите следните чекори за да купите персонален сертификат, проверете дали користите интернет пребарувач и оперативен систем поддржани од Издавачот на сертификати: 
  • Изберете сертификат кој ги задоволува Вашите потреби. 
    Доколку Вашиот избор е сертификат Верба К2 или Верба Про2 безбедното средство за електронско потпишување (PKI токен или паметна картичка) ќе го добиете во нашата регистрациона канцеларија.
  • Пополнете ги податоците во веб формата кои се потребни за издавање на сертификатот, кликнете на копчето Прати.
  • Отпечатете го пополнетиот формулар. 
  • Платете го износот за сертификатот користејќи ги информациите за плаќање наведени во формуларот.
  • Подгответе ги потребните документи. 
  • Дојдете лично во канцеларијата на издавачот на сертификати КИБС, со сите претходно наведени документи или уредно пополнетите документи и нотарски заверената копија на лична карта доставете ги на погоден начин.
  • Доколку е сè во ред, информација за тоа како да го преземете Вашиот сертификат ќе добиете по пат на електронска пошта на електронската адреса наведена во формуларот.
Покрај издавањето на дигиталните сертификати, Пелингс Компјутери исто така врши инсталација на дигиталниот сертификат на компјутерот каде што ќе се користи истиот. Инсталацијата на сертификатот ја вршат лица висококвалификувани лица кои одлично се запознаени со оваа технологија.
 
Повеќе информации околу дигиталните сертификати може да прочитате на веб сајтот на КИБС АД Скопје.
 
Контакт лице за продажба на дигитални сеттификати од КИБС e Весна Ристова.

Кои сме ние?

Пелингс

Пелингс е компанија специјали-зирана за развој и продажба на софтвер и хардвер.

Имаме повеќе од 15 години искуство и стручен тим зад нашето име.

Дозволете ни да ви помогнеме во растот на вашата компанија со нашите решенија!

Последни новости

Дајте ни лајк

Контакт

 Струмица, Македонија

 ул. "Маршал Тито" 111

 +389 34 346 549

 +389 34 330 640

 contact@pelings.com.mk

Контактирајте не!