... во постојан чекор со современите технологии

    Побарајте не: +389 34 346 549,

Хардвер

На почеток да дадеме одговор на логичното прашање: Зошто да се одлучите токму за нашата компанија? Постојат повеќе причини. Ние сме синоним за компанија која продава квалитетни компјутерски системи и галантерија. Застапници сме на производи од компании со познати светски имиња, а пред да ги пуштиме производите во продажба вршиме нивно тестирање за да бидеме сигурни дека ги задоволуваат нашите строги и високи барања. Доколку се соочите со некој проблем во секој момент може да се јавите на нашите телефони и ние ќе се потрудиме да ви помогнеме. И секако она што ги интересира најголемиот дел од корисниците; односот цени - перформанси е најповолен.

Anhoch системи

"Пелингс" веќе долги години остварува успешна соработка со Анхоч од Скопје и денеска е единствениот дистрибутер на добро познатите ANHOCH системи во регионот. Овие системи ќе Ви овозможат максимална сигурност и стабилност при работа, забава и комуникација. Goliath XD серијата од Anhoch се одликува со перфектната конфигурираност и оптимизираност на системите што овозможува да се задоволи вкусот и на најпребирливите корисници, кои истовремено бараат врвен квалитет и високи перформанси. Anhoch Goliath XD е вистински избор за корисници кои живеат во средина каде што квалитетот е клуч на успехот, а брзината услов за задоволство. Од друга страна Anhoch Pixio е спој од совршена хармонија на технолошките иновации со современите модни трендови. Дизајниран е да се вклопи на мал простор и буџет и секогаш спремен да се прилагоди според Вашите потреби.

Покрај квалитетот на конфигурациите погледнете што плус се добивате со секој купен Аnhoch систем:

  • Три години полна гаранција
  • Специјален попуст за плаќање веднаш
  • Десет дена гаранција за враќање на парите
  • Anhoch System Recovery
  • Anhoch Книга "Windows Без граници"
  • Anhoch CD Drivers
  • Специјална оптимизација за брзина и стабилност

За подетални информации, погледнете ги комплетните спецификации за GOLIATH и PIXIO системите.

Pelko системи

Во нашата понуда можете да ги најдете и Pelko системите. Ние сме свесни дека не секој корисник има потреба од екстрмно моќен компјутер. Токму затоа овие конфигурации се поделени во неколку категории, па според своите потреби корисникот лесно може да го избере вистинскиот компјутер. Во овие системи вградуваме глижливо одбрани компоненти со цел да обезбедиме висок стандард на работа, долготрајност и многу можности за надоградување.

Освен тоа нудиме можност за асемблирање на компјутерски конфигурации по желба на купувачите.

Секако во понудата ги имаме и преносните компјутери (laptop-и) од познати светски имиња како Toshiba, HP, Fujitsu Siemens, Asus, Acer итн, монитори, ласерски, инк-џет и матрични принтери, како и огромен избор на компјутерска опрема и галатерија:

  • скенери, дигитални камери и копири
  • тастатури, глувчиња, звучници
  • Joysticks, Game-Pads и волани
  • медии: USB мемории, CD-R/RW, DVD-R/RW, дискети

Кои сме ние?

Пелингс

Пелингс е компанија специјали-зирана за развој и продажба на софтвер и хардвер.

Имаме повеќе од 15 години искуство и стручен тим зад нашето име.

Дозволете ни да ви помогнеме во растот на вашата компанија со нашите решенија!

Последни новости

Дајте ни лајк

Контакт

 Струмица, Македонија

 ул. "Маршал Тито" 111

 +389 34 346 549

 +389 34 330 640

 contact@pelings.com.mk

Контактирајте не!